Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ во Пчиња

Носителот на изборната листа од втората изборна единица од Коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Тодоров и кандидатите за пратеници синоќа одржаа мини митинг во селото Пчиња. Тодоров на жителите од Пчиња им ги презентираше проектите опфатени во програмата „Реално“ кои се однесуваат на ова населено место, изградба на водовод и на пат од Куманово до Пчиња во вредност од околу 60-тина милиони денари. Тој побара поддршка од жителите на Пчиња, како што рече, како и секогаш од ова место,да се соберат и да прослават десетта по ред голема  победа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ .

-Тодоров ги праша жителите на кој Зоран Заев треба да му се верува, на оној кој што пред албанската емиграција во Швајцарија зборувал за федерализација, за кантонизација, за проширување на Рамковниот договор, за двојазичност на целата територија, или на оној  Заев кој во Македонија зборува дека нема федерализација, кантонизација, проширување на Рамковниот договор, дека нема двојазичност на целата територија Додаде дека нив ги интересира суверена, независна самостојна, унитарна Р.Македонија, изјави Никола Тодоров, носител на листа на ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 2

Пред жителите на Пчиња се обратија и кандидатите за пратеници.

На синоќешниот митинг беше потенцирани дека ВМРО ДПМНЕ работи согласно реалната програма, која за разлика од другата политичка опција, како гаранција го има отчетот. Во досегашниот период намалена е невработеноста од 38,8 на 24 проценти, отворени се над 160.000 нови работни места, направени се нови патишта, инвестиции во здравство, образование, изградени се нови градинки, воведени се бесплатни учебници, намалена е партиципацијата.

Коментари

коментар(и)