Популаризација на рускиот јазик кај учениците од основните и средните училишта во Куманово и воопшто во државата, беше цел на денешната конференција што се одржа во занаетчискиот дом. Оваа средба помеѓу претставници на гиманзијата гоце делчев, локалната самоуправа и ученици од Куманово и професори по руски јазик, ученици од Русија и претставници од висообразовните установи од катедрата за славистика беше во рамките на деветгодишната соработка помеѓу гимназијата „Гоце Делчев“ гимназијата „13“ од Санкт Петербург.
-Со гимназијата од Санкт Петербург соработуваме девет години,секоја година имаме возвратни посети,кои ги користиме за спроведување работилници, размена на идеи, искуства на кои се запознаваме со јазикот и културата на двата народ -изјави Соња Тодоровска, директор на гимназијата „Гоце Делчев“
Рускиот јазик во Куманово се изучува во три основни и две средни училишта, потенцираше градоначалникот Зоран Дамјановки.
Надежда Љубовска,професор по руски јазик и литература од гимназијата „13“ и координатор на проектот вели дека учениците и професорите покажуваат завиден интерес за изучување на македонскиот јазик, а особено се заинтересирани за изучувањето на историјата,културата на македонскиот народ.Изјави дека со задоволство соработуваат со кумановската гимназија и се надева дека соработката ќе продолжи и во идниот период.
Гимназијалците од Русија и нивните професори во наредните осум денови ќе имаат можност да ги запознаат културно -историските споменици и знаменитости во Куманово , но и во останатите градови.