Гимназијата „Гоце Делчев“ го слави патронатот

Во гимназијата Гоце Делчев денеска беа одбележани 114 години од смртта на револуционерот, како и 72 годишнина од постоењето на училиштето. Пред бистата на Делчев во дворот на училиштето цвеќе положија претставници на Здружението на борците, Здружението на армиски и полициски ветерани, општината, советот, политичките партии и други.

-Денеска е ден на нашето училиште кога се навршуваат 114 години од смртта на нашиот револуционер, идеолог и учител Гоце Делчев, и 72 години од постоење на нашето училиште. Беше чест и задоволство да се биде овде на овој настан имавме прекрасна приредба подготвена од учениците и прекрасни гости.  Во чест на патрониот празник имаме гости и од Русија и тоа е на наше големо задоволство-истакна директорката на училиштето Соња Тодоровска.

Учениците говореа за ликот и делото на Делчев за кого кажаа дека бил револуционер и светла личност од македонската историја.

-Денеска е ден на гиманзијата Гоце Делчев 4-ти мај, по повод смртта на нашиот деец Гоце Делчев исто така морам да посетам дека е ден на смртта на Јосип Броз Тито на денешен ден исто, некои го почитуваат некои го кудат но тој е историска личност. Овој ден убаво помина има гости од Русија, масовна посетеност на патронот, убаво време и драго ми е што денеска го славиме патронатат на Гоце Делчев-посочи Зоран Дамјановски градоначалник на Куманово.

-Како и секоја година веќе 25 години ВМРО-ДПМНЕ положува цвеќе и на фебруари и на 4-ти мај кога загинал, сме присуствувале многу пати на положивање на цвеќе, за  жал на повеќето од тие положувања сме биле единствени други последниве години почнаа да ни се придружуваат и други почитувачи на Гоце Делчев, и тоа е добро-истакна Драган Петковски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ

Делчев е роден на 4-ти февруари 1872 година во Кукуш.  Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Бил учител во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО, а до 1901 година бил задграничен претставник во Софија. Тој е убиен од турската војска на денешен ден во 1903 година во селото Баница.

 

 

Коментари

коментар(и)