Во организација на Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) се одржа конференција на тема „Младинско учество и инволвираност на младите во зелената агенда како основа за развој на демократско и зелено општество”.
Воведно обраќање на панел дискусијата која што вчера се одржа во Занаетчискиот дом имаше градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски со акцент на иницијативи и конкретни активности кои што ги преземаат младите на локално ниво.
На конференцијата присуствуваа градоначалници, потпретседатели на политички подмладоци, претставници од министерства, од меѓународни организации и млади активни во граѓанскиот сектор.