Средното училиште гимназија „Гоце Делчев“ во соработка со општинската организација на Црвениот крст организира хуманитарна акција, Да бидеме хумани. Заинтересираните можат да донираат новогодишни украси, училишен прибор, облека. Донацијата може да се достави на портирницата пред главниот влез, првиот ден откако ќе заврши наставата на далечина.