Концерт „Пензионерите за својот град“

„Пензионерите за својот град“ е насловен концертот по повод Денот на ослободување на Куманово, 11-ти  ноември, кој се одржи синоќа во МКЦ, а го организираше Здружението на пензионери.  На 18-тата манифестација по ред настапија пензионерите од Културно уметничкото друштво Ѓоко Симоновски, Здружението на пензионери од Кочани, но и од Заечар, Република Србија.

-Оваа вечер нашиот хор ќе учествува со три нумери, имаме солисти и дуети кои ќе ја збогатат програмата, нашите фолклористи, но овој пат ќе немаме фолклорен сплет, туку ќе имаме една нумера ќе ја возобновиме Билјана платно белеше, еден наш сплет со кој бевме во Љубљана пред осум години кога прв пат македонските пензионери направија здружение со словенското здружение на пензионери-истакна Славица Ламбаша од Здружението на пензионери Куманово.

Од Културно уметничкото друштво Заечар истакнаа дека им е чест што имаат можност да наспапат пред кумановци.

-Многу ми се допаѓа градот, ги посетивме сите места кои можеше да ги посетиме, дури и поубав е од нашиот град. Ние сме културно уметничко друштво од Заечар кое постои 33 години најстар е во кај нас, патувавме многу во државата и странство, добивавме награди и се уште патуваме. Ние сме едно од најстарите здруженија, сите играме, дојдовме овде бидејќи ја сакаме Македонија, ги сакаме луѓето-посочи претседателка на друштво Димитринка Петров.

Од Здружението на пензионери Куманово истакнаа дека и наредната година кумановци ќе уживаат во уште побогата програма.

Коментари

коментар(и)