Непознат сторител со употреба на сила влегол и одзел компјутерска опрема од детската градинка на улицата „Страшко Симонов“, информира полицијата.
Настанот се случил утринава, а бил пријавен во СВР Куманово во 07:40 часот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.