Кривична за поранешен директор на училиштето во с. Романовце

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ш.(63 години) од село Романовце, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, вработен како директор во основното училиште „Кирил и Методиј“ во с.Романовце, во текот на 2018 година не го прекинал работниот однос на вработената С.Џ.Е., согласно закон, колективен договор и претходно донесено решение од ОЈО Куманово за одземање на диплома, констатирано со записник од страна на Државен просветен инспекторат на Република Северна Македонија и допуштил таа да врши воспитно-образовна дејност во училиштето без потребната диплома, информира МВР.
На ваков начин предизвикана е штета на Буџетот на Република Северна Македонија од 695.621 денари, кои биле исплатени на вработената по основ на плати и придонеси за социјално и здравствено осигурување.

Коментари

коментар(и)