Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против четiри лица од Скопје, како и против С.Ј.(35) од Куманово и И.А.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“, информираат од МВР.
Според полицијата, во текот на 2024 и 2025 година, двајца скопјани на возраст од 63 и 57 години, Ф.А. и Ѓ.К. го извршиле делото по пат на незаконско посвојување на новородено бебе.
МВР информира дека на 17 октомври 2025 година бил склучен договор за заем од 500 евра меѓу 35 годишен скопјанец како заемодавач и 38 годишен тетовец (И.А.) како заемопримач. Средствата истиот ден му биле исплатени на И.А., а истрагата утврдила дека тие претставувале надомест за незаконското посвојување на новороденчето.
По преземените мерки и активности, на осомничените им е определена мерка домашен притвор од страна на судија на претходна постапка.