Општина Куманово преку Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита е поддршка на настанот „Зелен караван” во Куманово, во организација на Центар за младински активизам – ЦМА КРИК, во партнерство со здружението Центар за социјални иницијативи – „Надеж” и Здружението на социјални работници на Македонија.
Настанот се реализираше на платото пред НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово, со повеќе активности: stand up настап на тема животна средина, во изведба на актерката Надица Петрова, музичка програма и презентација на локални зелени иницијативи и креативни изработки (проектни активности).
Целта на оваа јавна манифестација на отворено е подигање на еколошката свест кај граѓаните за заштита на животната околина, климатските промени и важноста на зелената перспектива во социјалната и младинската работa“, објави Општина Куманово.