Полициски службеници од СВР Куманово вчеравечер лишиле од слобода 40-годишен кумановец, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом во Куманово физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Претходно истиот ден, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 46-годишен кумановец, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом се однесувал агресивно и упатувал закани кон неговата 68-годишна мајка, соопштија од Секторот за внатрешни работи Куманово.