Кривична пријава против вработен во Царинска Управа – Царинска испостава „Белановце“

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ќ.Р.(59) од с.Ваксинце, општина Липково- вработен во Царинска Управа – Царинска испостава „Белановце“ поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 05.12.2020, додека бил на работа, пријавениот не ја пресметал вредноста на работите кои ги превезувало лице од с.Матејче во своето возило и не ја наплатил царинската увозна давачка со што му овозможил да се стекне со противправна имотна корист. Исто така, пријавениот не го евидентирал возилото во дневната евиденција за извршени прегледи.

Коментари

коментар(и)