Кризата за вода продолжува

Продолжува проблемот со водоснабдувањето во градот. Повторно се без вода високите зони, дел од булеварите Октомвриска Раволуција и 3 МУБ, Пчински пат, населбите „Перо Чичо“ и „Карпош“ и селата Биљановце и Черкезе. Од ЈП „Водовод“ објаснуваат дека по главниот цевковод се доставува 160 литри вода во секунда, додека по алтернативниот вод 40 литри во секунда. Граѓаните се жалат дека имаат слаб притисок или воопшто немаат вода во одреден период од денот што значително им ги отежнува условите за живот на високите температури. Тие порачуваат надлежните да побараат трајно решение со водоснабдувањето бидејќи плаќаат за услуга, а не добиваат ништо за возврат. Градоначалникот Зоран Дамјановски пак, посочи дека проблемот ќе ескалира бидејќи секој ден се повеќе се намалува дотурот на вода  преку алтернативниот бај-пас.

– Во среда на седницата прва точка е проблемот со водоснабдување. Не наидуваме на разбирање ова дефинитивно го сфаќам како политичка уцена и популизам, вели Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

 Тој додава дека иако пред една година е поднесена кривичната пријава до ЈП Водостопанство „Кумановско-Липковско поле“ сеуште не е спроведена истрага и според него овој проблем има политичка заднина.

Коментари

коментар(и)