Преполни контејнерите на „Никшиќка“ и „Титова Митровачка“

Неподнослива реа се шири од преполните метални контејнери кои што се наоѓаат на улиците „Никшиќка“ и „Титова Митровачка“, во населбата „Гоце Делчев“. Поради преполнетост ѓубрето е расфлано насекаде, а станарите кои што не сакаа да зборуваат пред камерата, се жалат дека непријатната миризба особено се чувствува во вечерните часови. Тие стравуваат дека поради ненавремено отстранување на отпадот, на овие високи температури може да се појават различни бактерии. Додаваат дека покрај контејнерите често се формираат вакви мали депонии.

Од јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ објаснуваат дека во летниот период е изменет планот за работа, затоа што во централното градско подрачје има поголема количина на смет.

-„Никшиќка“, „Титова Митровачка“ и сите околни улици се собираат и во попладневните и во вечерните часови таму три пати сме оделе дневно, сега два пати до први септември, но тоа е сега само моменталната состојба дел од техничките проблем, дел од габаритот на смет наметна таква динамика меѓутоа сметот редовно се изнесува и се надевам и сум сигурен дека од 1-ви септември се тоа ќе биде пак по старо и сите оние работи кои ги изменивме ќе ги вратиме во стара динамика-вели директорот Сашо Петрушевски.

Тој вели дека за ваквите проблеми придонесуваат и несовесните граѓаните, кои освен што го фрлаат сметот кај што ќе стигнат, туку и ја попречуваат работата на комуналните екипи.

-Куманово со својата инфраструктура има многу тесни улички, каде и со најмалите камиони многу тешко влегуваме. Принудени сме да ѕвониме кај луѓето кои ги паркираат своите возила да чекаме по неколку часови да реагираме и со полиција каде што се непрописно паркирани-наведе директорот.

Петрушевски апелира граѓаните кои што живеат во овие улици, заради својата хигиена и заштита на животната средина, да бидат повнимателни и да ги паркираат возилата на паркинзи, за да можат тие да ја извршуваат својата должноста.

 

 

 

Коментари

коментар(и)