КУД „Панче Пешев“ со благодарница на ТВ Плус

Културно уметничкото друштво „Панче Пешев“ во знак на успешната повеќегодишна соработка, денеска додели благодарница на телевизија Плус. Благодарницата на главниот уредник на телевизијата Драган Ивановски, му ја врачи уметничкиот директор Мирослав Крстевски. Телевизија Плус доби и монографија „Панче Пешев“ која е издадена по повод 90 години од постоењето на друштвото, како и ЦД од првиот меѓународен фолклорен фестивал, кој се одржа летово.

-Да изразиме една голема благодарност до телевизијата, луѓето што работат овде, за се она што го направија за активноста на КУД „Панче Пешев“ во Куманово,  за да се инофмираат граѓаните за она што го правиме. Како медумски покровител и на првиот фестивал кој го организиравме оваа година со учество на 12 ансамбли од државата и надвор од неа. Учествуваа ансамбли од Македонија, Бих, Србија, посебно внимание предизвика настапот на ансамблот од Колумбија и на Танец. Посебна благодарност на помошта што ни ја даде телевизијата со информации до граѓаните-посочи уметничкиот директор на КУД „Панче Пешев“, Мирослав Крстевски.

Главниот уредник на телевизијата Драган Ивановски, истакна дека соработката со КУД Панче Пешев е на високо ниво, и затоа граѓаните навремено се информирани за сите активности кои што се случуваат.

-Би изразил голема благодарност до КУД Панче Пешев што ја препозна нашата желба да помогнеме на сите ентузијасти што се занимаваат со фолклорот. Всушност наша мисија како телевизија е да ги помагаме оние активности во градот, кои што носат во себе нешто оригинално, носат уметност, традиција, ја пренесуваат на идните поколенија. Тука би ги навел и спортските настани, бидејќи знаеме дека во културата и спортот најмалку се инвестира во нашата држава, едноставно свесни сме за тоа, дека тука нема некои финансиски бенефит и воглавно оние што учествуваат на тие настани, ги практикуваат спортот или учествуваат во креирањето на тие игри, ора и се членови на културно уметнички друштва се едноставно ентузијасти кои имаат добра желба да очуваат некоја традиција. Затоа ние се трудиме од наша страна да ги следиме сите нивни активности за да можат граѓаните на Куманово пред се а потоа и во Македонија и светот иселениците бидејќи телевизијата благодарение на интернетот може да се следи насекаде, можат да дознајат што се случува во нивниот роден град-посочи Ивановски.

Уредникот на телевизија Плус апелираше и до останатите културни друштва и спортски клубови, навремено да ги доставуваат информациите за активностите кои што ги реализираат, за да тие бидат проследени и до граѓаните.

Коментари

коментар(и)