Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 15.30 часот во Куманово привеле 33-годишен кумановец. За него бил распишан централен распис од ЕВР Кисела Вода, поради сомнение дека на 12.10.2021 г. од банкомат во маркет на ул.,, Ѓорги Димитров” во Скопје без овластување подигнал пари со картичка на женско лице од Скопје. Во службен разговор во полициска станица тој го појаснил делото, истовремено признавајќи дека сторил уште пет кривични дела во текот на овој месец во маркети и други продажни објекти на територијата на Куманово, од кои едно „тешка кражба“ и четири „кражби“. По целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.
Кумановец користел туѓа картичка за банкомат
