Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти дека вчера во 17 часот во полицијата, вработена во Општа болница Куманово, пријавила дека на своето работно место, 25-годишен кумановец се однесувал агресивно и се обидел физички да ја нападне, по што оштетил инвентар и дел од компјутерска опрема. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во одделен случај, вчеравечер во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Иво Лола Рибар“ во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу три лица. Полициски службеници од СВР Куманово извршиле увид и било утврдено дека, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, две лица физички нападнале 22-годишен кумановец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Полициски службеници вчера попладне лишиле од слобода 52-годишен кумановец. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле мопед со кумановски регистарски ознаки, кој го управувал без положен возачки испит. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а мопедот бил одземен. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.