Во СВР Куманово вчеравечер околу 23 часот било пријавено дека на улицата „Анѓа Ранковиќ“ настанал пожар. Увид на местото на настанот извршиле полициски службеници при што било утврдено дека пожарот бил предизвикан од запалени бакарни жици. Од екипа на Територијалната противпожарна единица од Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.