Кумановец приведен, ограбил угостителски објект

Приведено дваесет и петгодишно лице од Горно Којнаре, информира кумановската полиција. Лицето  А. С. се сомничи дека пред три дена во угостителски објект на ул.„Борис Кидрич“ влегол и одзел пари. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)