Кумановец со пријава против јавно претпријатие

СВР Куманово информира дека на 20.08.2024 година во 11.20 часот, 46-годишен кумановец пријавил дека во 2022 година од јавно претпријатие во Куманово му било врачено отказно решение без да бидат исполнети законските норми. Имено, според пријавеното, претходно тој бил на боледување и откако се вратил на работа од претпријатието му било изготвено решение за користење одмор, кое никогаш не го примил и потпишал, а додека користел годишен одмор му било изготвено отказно решение поради отсуство од работа три последователни дена. Исто така, според пријавеното, во постапката пред Основен суд Куманово, адвокатот на претпријатието како доказ приложил барање и решение за користење на годишен одмор кои не ги потпишал и затоа смета дека се фалсификувани. За настанот бил запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од Секторот за внатрешни работи.