СВР Куманово информира дека вчера во 17.40 часот, полициски службеници привеле 18-годишен кумановец, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнал малолетничка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Од СВР Куманово соопштуваат дека вчера во периодот од 07.15 до 08.15 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово, со судска наредба, извршиле претрес во домот на 43-годишен кумановец, кој не бил во домот. При претресот биле пронајдени прашкаста материја, жолта густа материја, игли и таблети, а по лицето била распишана потерница за негово пронаоѓање. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.