Министерството за одбрана распиша јавен оглас бр. 32/2025 за прием на 300 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија. Вработувањето е на четири години со можност за продолжување до 45-годишна возраст.
Кандидатите за прием на професионални војници на служба во Армијата од точка 1 на овој оглас треба да ги исполнуваат следните услови:
Општи услови:
– да се државјани на Република Северна Македонија;
– да се полнолетни и
– да имаат посебна здравствена и физичка способност.
Посебни услови:
– да имаат завршено средно образование;
– да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.
Работното време е од 08:00 часот до 16:00 часот. Платата изнесува од 30.552,00 денари па нагоре, со дополнителни над 12.000,00 денари за надоместокот на трошоци за станбено обезбедување.
Огласот трае 15 дена од денот на објавување.