Кумановка измамена за 800 евра

48-годишна кумановка вчера во СВР Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 810 евра. Според пријавеното, на крајот на април лицето и се јавило и ѝ понудило да ѝ помогне, односно да ѝ обезбеди паричен надомест од државата за временски период колку има работено претходно.

Според пријавата, откако се договориле, во два наврати ги предала парите на лице од Скопје, по што веќе не можела да стапи во контакт со него и се посомневала дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)