„Куманово гас“ бележи позитивно работење

Јавното претпријатие Куманово-гас има подобрување на финансиското работење. Ова беше истакнато на денешната седница на Советот на општина Куманово, каде беше разгледан извештајот за работа за 2016 и за финансиите за првото тромесечие од тековната година. Истото остварило 5 милиони 415 илјади денари средства од приходи,а расходите изнесуваат пет милиони 965 илјади денари. Советниците од двете коалиции посочија дека е забележлив позитивен тренд, при што се зголемуваат приходите а се намалуваат расходите.

-И двата извештаи кои се денеска пред нас за работа на претрптијатието во 2016 година и финансискиот за првиот квартал 2017 година даваат сигнали за едно позитивно работење кое во некое немногу далечен период се надевам дека ќе го извлече прететптијатието од постојаното правење загуби при работење и ќе почне да работи со добивка и ќе го враќа долгот кон општината. Ова се должи пред се на изградбата и проширување на дистрибутивна мрежа и приклучување на нови потрошувачи на гас-посочи советникот Јовица Станковски од коалицијата За подобра Македонија.

Претпријатието идната ндела ќе започне со изградба на приклучоци на неколку улици во централното градско подрачје, при што бенефитите од гас би ги користеле 29 домаќинства кои групно поднеле барање. Во завршна изградба е кракот на Октомвриска револуција, каде се очекуваат и пет станбени единици со околу 100 станови.

-Јавното претпријатие Куманово гас планира изградба и на другите делови на градот, сме во фаза на подготвување на проект за инфраструктура и основен проект во делот на улиците Цар Самоил и Никола Вапцаров и планираме бидејќи очекуваме да добиеме решение за градење и планираме да извршиме ископ на улица односно поставување на гасоводна инфраструктура на делот кон учлиштето Бајрам Шабани-посочи директорот Драган Петровски.

Најголем потрошувач на гасоводната мрежа во општината е градскиот базен, а севкупно досега има околу 50 приклучоци.

 

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)