Јавното претпријатие „Куманово гас“ почнува со изградба на нова дистрибутивна гасоводна мрежа на улица „Моша Пијаде“. Мрежата ќе се движи од Рiano Prestige до клучката со булеварот Октомвриска Револуција во должина од 1.1 километри.
-Создаваме технички услови за приклучување на колективни станбени згради и индивидуални куќи за домување кои што гравитираат на наведената локација-се вели во соопштението.
