Куманово меѓу градовите со најмалку вакцинирани граѓани

23,7 отсто од целокупното население во Куманово е вакцинирано, заклучно со последните податоци објавени вчера на територијата на најголемата општина во државата. Според министерството за здравство, во Куманово вакцинирани со една доза се 27.056 лица, со две дози 22.982 што покажува дека Куманово е меѓу градовите со најмалку вакцинирано население во државата.

Послаб процент на вакцинација имаат Кичево, Дебар, Струмица, а најмалку или 19,9 отсто вакцинирано население има Гостивар.

Најголем опфат со прва вакцина има во Гевгелија 51% и Кавадарци 50.3% каде половина од населението е веќе вакцинирано. 48.1% од охридските жители се вакцинирале со прва доза, а по нив во 47.9% од населението кое живее во Неготино и околните места. Граѓаните на Битола и Ресен се вакцинирани со барем една доза во процент од 46.3% и 46.7%. Понатаму, процентите на опфатеност со барем една доза на вакцниа опаѓаат во Берово 44.1%, Пехчево 43%, Штип 43.1% и Валандово 40.5%.

Сепак, според министерството за здравство, заинтересираноста за вакцинација помеѓу граѓаните и натаму расте. Вакцини има доволно, а надлежните повикуваат на што поголемо вклучување во процесот на имунизација на населението.

Коментари

коментар(и)