Кумановските пожарникари бележат две интервенции

Кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие бележат две интервенции и тоа на запалена бандера и оџак од семеен дом.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, дрвена бандера под напон се запалила во населбата Средорек, додека пак оџак се запалил на семеен дом лоциран на улицата „Драги Шутевски“.

Причините за избувнување на пожарите, како и висината на материјалната штета која настанала засега се непознати.

Коментари

коментар(и)