Оние пациенти кои се имаат соочено со недостаток на кислород при прележана инфекција од Корона вирусот, најмногу се јавуваат за донирање крвна плазма, заклучок е на д-р Дритон Билали, транфузиологот од Општа болница Куманово. Интересот би бил и поголем доколку не се констатираше дека во голем број случаи вирусот им се повтори на пациентите, а дарителите на крвна плазма треба да имаат развиени антитела како главна референтна вредност.