Кумановци реагираат дека угостители узурпираат тротоари (ВИДЕО)

Кумановци со забелешки дека столови и маси на угостители ги узурпираат јавно прометните површини. Граѓаните велат наместо по пешачка патека, се движиме по коловоз. Ова е исклучителен проблем и за лицата со посебни потреби, но и мајките со деца во колички. Од Секторот за комунални работи и инфраструктура при Општина Куманово информираат дека 15 угостителски објекти имаат регулирани давачки, а за 16 се води постапка. До инспекцијата годинава нема пристигнато жалба од граѓани. Градоначалникот на Куманово, уверува дека секој, кој не поседува уредна документација ќе добие решение за отстранување на опремата.

Коментари

коментар(и)