Лабораторија на идеи “Одржлив развој“

Одржлив развој е насловот на работилницата, лабораторија на идеи, која што ја организираше Центарот за интеркултурен дијалог, во рамки на проектот Граѓанско општество за европска интеграција. Над 40 активни чинители во општеството, пред се претставници на граѓанскиот сектор имаат можност да ги споделат своите мислења, идеи со кои на крај ќе се дојде до еден вид на  производ кој подоцна може да се имплементира.

-Пет настани кои ќе се случат во Куманово, Скопје и Битола во наредниот период и кои ќе истражуваат на различни теми како дискриминација, млади, одржлив развој, медиуми, маргинализирани групи и идеата на овие настани е од нив да добиеме пет иницијативи кои ќе бидат имплементирани во периодот од октомври до декември 2016 година-истакна Милош Ристовски од ЦИД.

Самиот проект ќе им понуди можност на 20 лица да заминат во студиска посета на Брисел, која ќе се одржи во октомври годинава.

-Граѓанските организации и другите чинители кои се присутни овде на работилница утре ќе работат на конкретни идеи тоа ќе ни помогне потоа проектот да може да породолжи да работи пред се на тоа да се реализираат некои од тие идеи.  Разговорите се движат во насока на тоа како младите гледаат на одржливиот развој, каде ја гледаат можноста тие да се вклучат и во исто време останатите чинители имаме денеска и претставници на институциите каде што зборуваа за тоа, што досега се работело каде ни е потребно се уште работа и како можат грашѓанските ораганизации пред се да бидат вклуечни во тој дел-нагласи Габриела Бошков.

Проектот е подржан од Европската унија, односно од  ИПА програмата.

 

Коментари

коментар(и)