ЛДП го прослави 20-от роденден

Општинската организација на Либералнодемократската партија во Куманово синоќа организираше прослава по повод 20-то роденден.  Со пригодна коктел забава која традиционално се одржува секоја година во просториите на партијата, се одбележа досегашниот успех и борбата за слобода и демократија во државата. На настанот присуствуваше претседателот на ЛДП, Горан Милевски, кој обраќајќи се пред присутните истакна дека партијата успеала 20 години да опстане на политичката сцена. Тој се надева дека наредните години нема да останат во опозиција, бидејќи за овие 16 години ништо не се променило во Македонија.

-1997 година ние се обединивме заедно либералната и демократската партија на Антов и Гошев за да промениме некои работи Македoнија да влезе во НАТО и ЕУ да се зголеми животниот стандард на граѓаните да има поголема демократија во Македонија но за жал се си остана исто дури процесите се уназаедни се уште има криминал, корупција, неефикасна администрација затоа сметаме дека редно е за брзо време лдп да дојде на власт заедно со нашите коалициски партнери од СДСМ и да започнеме едно забразно темпо да ги менуваме работите во Македонија за да некој нареден јубилеј дискутираме за некои други работи а не повторно да човековите слободи и права-истакна тој.

По повод 20-годишниот јубилеј партијата на поранешните четири претседатели на општинската организација им додели плакета како благодарност за досегашните заложби.

-Со тоа ќе кажеме дека иако партијата постои 20 години претседателите и одливот на членството на ЛДП е секогаш компактно здружено заедно и ни помагаат како искуство и сега во работата на партијата.  Од постарите претседатели секогаш имаме бенефит со нивното драгоцено искуство го пренесуваат на младите генерации и на нашето централно раководство-истакна Ивица Костовски, претседател на ОО на ЛДП.

Поранешниот претседател на ЛДП, Зоран Павловски истакна дека му е чест што е дел од партијата уште од самото формирање, 19-ти април 1997 година.

-Чест ми е да кажам дека во досегашниот период имавме голем број на советници, директори, заменици, извршни функции, градоначалници и докажавме дека знаеме да водиме и извршна политика. Тоа сигурно понатаму ќе го практикуваме. Во овој 20 годишен период сигурно дека имавме и многу успеси и неуспеси, на самата локална сцена некогаш бевме многу појаки, некогаш послаби, некогаш членството бидејќи на цернтрално ниво долги години сме во опозиција ни се флуктурила, но оние најистрајните, најискрените останаа до крај, што покажува и денеска дека секогаш можеме да собереме доволен број и да излеземе на избори и да не се посрамотиме-посочи тој.

Прославата со своето присуство ја збогатија и градоначланикот на Куманово, Зоран Дамјановски, претставници на коалициските партии СДСМ и НСДП, пратеници, бројни членови и симпатизери на партијата.

 

Коментари

коментар(и)