Ликовна продажна изложба

40 дела изработени од вештите раце на деветоодделенци од основното училиште Кочо Рацин под менторство на професорот Далибор Јовановски денеска беа дел од ликовната продажна изложба организирана во холот на училиштето. Уметничките дела се работени во текот на тековната учебна година во рамките на проектот „Со талент до успех“ , а изложбата е само една од повеќето активности во училиштето по повод претстојниот патронен празник на „Кочо Рацин“. Поголем дел од изложените дела беа купени од хумани кумановци кои што беа присутни на денешната аукција.

-Целта на сите нас во животот е да се стремиме кон успех. Нашите ученици создадоа уметност, уметноста се гледа, се наградува, се купува. Верувам во успехот на оваа организација денеска,  продажна изложба. Успеавме , нескромно ќе се пофалиме, се бориме за успех, се бориме да се искачиме на врвот и да ја помирисаме магијата на супериорноста. Секој цртеж има своја цена, имаме цртежи кои што ќе бидат на аукција, на јавно наддавање и искрено се надеваме дека ќе успееме во тоа, изјави Весна Тодоровска, професор по македонски јазик

За денешната ликовна изложба учениците цртаа на слободна тема.

Активностите во чест на патронот на училиштето „Кочо Рацин “ продолжуваат со свечена седница, положување на цвеќе на бистата во дворот на училиштето и свечена приредба .

Коментари

коментар(и)