Литературен конкурс по повод 8-ми март

„Бабите за своите внучиња“ е насловот на темата за конкурсот којшто го распиша Здружението на пензионери, по повод 8-ми март, меѓународниот Ден на жената. Сите заинтересирани своите творби можат да ги приложат во четири примероци, најдоцна до 1-ви март. Делата ќе ги разгледува жири комисија, а најдобрите ќе добијат пригодни подароци. Инаку творбите ќе бидат промовирани на Поетско-музичката вечер, која ќе се одржи на 7-ми март во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

-Се надеваме дека одзивот на оваа тема ќе биде голем, ќе творат нашите пензионери, темата е инспиративна, а за делот од забавната програма ќе се погрижат нашите хористи, и соло пејачи во состав на оркестарот со повеќе нумери, меѓутоа идеата и насловот ќе бидат околу жената, мајката, како творечки дел ќе имаме многу изненадувања за нашите посетители оваа  година, честитајќи им го претстојниот празник. Покрај поетите кои ќе ни се јават на оваа наша манифестација исто така ќе имаме и една колажна музичка програма со нови песни кои ќе ги изведат членовите на КУД Ѓоко Симоновски-нагласи Славица Ламбаша, претседател на Комисијата за културно-уметнички самодејности.

Творбите можат да бидат напишани на македонски, албански,српски, ромски, турски и влашки јазик,  како и на кумановски дијалект.

-Овој месец ќе имаме уште една манифестација традиционална Шегобијна разгледница, ние кумановци сме познати по шегата, смеата, исто така за љубителите на убаво пишаниот збор на одредена тема, која ќе се одржи на 31 март во чест на 1-ви април, Денот на шегата –нагласи таа.

Од Здружението на пензионерни ги повикаа сите заинтересирани да им се приклучат на осмомартовската забава, која ќе се одржи во ресторан Грација.

 

 

 

Коментари

коментар(и)