„Лиценцирање на даватели на социјални услуги”
На иницијатива на членовите на Општинскиот совет за социјална заштита, во просториите на општината, се одржа работна средба на тема „Лиценцирање на даватели на социјални услуги”. На средбата присуствуваа неколку активни здруженија, кои се информираа за процесот на лиценцирање, кој се одвива во Министерството за труд и социјална политика. На средбата беше заклучено дека сите здруженија/установи, кои сакаат да даваат социјални услуги, пропишани во Законот за социјална заштита, мораат да добијат лиценца за работа од страна на МТСП.