Во рамки на Неделата за борба против ХИВ/СИДА под мотото „Знаењето е најдобра превенција од ХИВ инфекција”, Црвен крст на Република Северна Македонијa– Општинска организација Куманово спроведе едукативно предавање за ХИВ/СИДА за младите волонтери од Клубот на млади. На едукативното предавање беа присутни 35 младинци кои се запознаа со разликите помеѓу ХИВ и СИДА, начини на пренесување, совети за заштита како и практични примери за правилна употреба на контрацептивни средства.
Предавањето го спроведе искусен врснички едукатор Никол Ѓорѓевска, а целта на предавањето беше да се подигне јавната свест кај младите за превенција и рано откривање на инфекцијата.