Лозот еко скутер донесе неколку тротинети во Куманово

Инстант лозот Еко скутер кој од неодамна го воведе Државната лотарија досега донесе неколку електрични скутери, тротинети во Куманово.  Оваа грепка е една од најпопуларните за младите љубителите на игрите на среќа, кои го чуваат своето здравје и се грижат за животната средина.

Лозот еко скутер има неверојатна понуда на 365 електрични скутери – тротинети. Во дух на зачувување на животната средина и здравиот начин на живеење, Државна лотарија ја збогати својата понуда со инстант лоз кој носи 365 електрични тротинети. Колку што има денови во годината, толку има еко  скутери на лозот ЕКО СКУТЕР.

Речиси секој ден на страницата loto.mk се објавуваат добитници на електричен тротинет од целата државата, но и од Куманово.  Покрај електричните тротинети, инстант лозот ЕКО СКУТЕР нуди и примамливи парични добивки.

Дознавањето на добивката е едноставно, изгребете три исти суми за парична добивка, или три симболи на електричен тротинет. Лозот чини 60 денари и наменет е за сите што го следат трендот и сакаат да го зачуваат своето здравје и чистата животна средина.

Коментари

коментар(и)