Магдалена Костовска меѓу финалистите на „Детско царство“ во Бања Лука

Магдалена Костовска, ученичка во петто одделение во основното училиште „Браќа Миладиновци“ е учесник  на Меѓународниот фестивал на детска поезија „Детско царство“ во Бања Лука, по претходно распишан Конкурс.  Од вкупно 4.500 кандидати од Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија, Магдалена со својата лична творба се најде меѓу  70-те кандидати кои што ќе се натреваруваат за првото место на фестивалот.

– Со мојата песна „Новогодишна желба“ се натпреварувам во Бања Лука на Меѓународен фестивал на детска поезија „Дјечије царство“.  Најголема благодарност до мојата учителка Емилија Кириловска со која што заедно ја вежбавме оваа песна и заедно успеавме да влеземе во 70- кандидати да се натпреваруме за првото место на Конкурсот, изјави Магдалена Костовска, ученичка во ООУ „Браќа Миладиновци“

„Детско царство” е традиционална, значајна детска културна манифестација, која го промовира културното творештво на основците. Целта е афирмација на детското творештво преку поттикнување креативен однос на децата кон сите културно-уметнички жанрови, пишување, сликање, музика, рецитал, глума, потоа поттикнување и јакнење на натпреварувачкиот дух, здрава конкуренција и тимска работа меѓу учениците, училиштата и школските секции во регионот, креирање на простор за другарување, меѓусебна соработка и размена на искукства за учениците и наставниците, како и овозможување на секој поединец од мали нозе да придонесе за културниот живот во средината во која што живее.

Инаку, секоја година, авторите со најдобрите песни од Конкурсот имаат прием кај градоначалникот на Бања Лука. Меѓународниот фестивал на детска поезија е поддржан од Општина Бања Лука и Владата на Република Српска.

Коментари

коментар(и)