Кандидатот за советник од СДСМ и Коалицијата Марина Манојловска денеска на прес -конференција говореше за современо, безбедно и достапно образование за секое дете и млад човек, без разлика на нивното потекло или услови.
СДСМ во предизборната програма, како што кажа Манојловска, меѓу останатото, предвидува еднократна субвенција во вредност од 3.000 денари за секое прваче, изградба на училишно одморалиште во селото Градиште, континуирана едукација за современи наставни методи, дигитални алатки и инклузивна настава, стипендии за ученици од социјално загрозени семејства и награди за талентирани ученици.
„Едукативни програми преку организација на бесплатни курсеви (јазици, ИТ, екологија и медиумска писменост), инклузивно образование и училишна инфраструктура. Поддршка за реконструкција, енергетска ефикасност и подобрување на санитарните услови. Вклучување на родителите и заедницата преку Совет на родители, училишни форуми, волонтерски активности и заеднички проекти. Натпревари и проекти за ученици: „Мојот зелен проект“, „Мојот бизнис- план“ и „Најдобар млад истражувач“. Нова мерка предвидена во програмата е еднократна субвенција во вредност од 3.000 денари за среќен почеток на секое прваче. Со средствата предвидени во буџетот, докажуваме на дело дека е привилегија да се биде првоодделенец во Куманово, а со тоа допринесуваме за зголемување на бројката на деца во нашите училишта. Како еден од поголемите проекти опфатени во нашата Програма, е изградбата на училишно одмаралиште во с. Градиште, кое ќе овозможи сместување, едукативни и рекреативни активности за ученици. Објектот ќе понуди безбедна и пријатна средина за учење и одмор, со спортски терени и зелени површини, поттикнувајќи здрави навики и тимска соработка. Одморалиштето ќе биде наменето за: ученици и наставници од основните и средните училишта од градот. Партнерски организации: извидници, спортски клубови, еколошки здруженија. Проектиран капацитет на одмаралиштето предвидува 100 кревети (сместување) + до 150 учесници во дневни програми. Рокот за реализација е од 36 до 48 месеци, зависно од временските услови и организацијата на работите, додека буџетот кој е предвиден за овој проект изнесува до 48.000.000 денари“, кажа Марина Манојловска, кандидат за советник во Советот на Општина Куманово од СДСМ и Коалицијата.
