Мартија хуманитарно за детскиот оддел

Мартија Станојковиќ и уште десетина талентирани деца од градот денеска преку своите песни  и сликање ја дадоа својата поддршка за хуманитарната акција на компанијата Жито лукс за опремување на детскиот оддел во општата болница. добротворниот настан започна во 13 часот на градскиот плоштад , а случајните минувачи имаа можност да уживаат во прекрасните изведби на младите таленти од Куманово, но и во ликовните творби кои што ќе ги разубавуваат ѕидовите на собите  во детскиот оддел.

-Отсекогаш сме со добри цели, чувствував потреба да направам нешто вакво и всушност Жито лукс што организира ваква кампања е прекрасно и на многу луѓе помагаме кои што навистина имаат потреба од помош. Не е задолжително но било би убаво да се приклучите кон оваа кампања, изјави Мартија Станојковиќ.

Младите ликовни уметници кои што денеска дадоа поддршка на овој хуманитарен настан апелираат граѓаните што помасовно да се приклучуваат кон ваквите акции бидејќи со тоа им помагаат на оние кои што навистина заслужуваат да им биде пружена помош.

Под мотото „Растеме со вашата поддршка – Донирајте за иднината!“, Жито Лукс со поддржувачите на кампањата, помага во купување опрема и уредување на детскиот оддел. Од секој купен производ на Жито Лукс се одвојуваат средства за обезбедување на што подобри услови за престој и заздравување во детските болнички оддели.

Коментари

коментар(и)