Осум Ноемвриски награди годинава

Осум Ноемврски награди ќе бидат доделени оваа година по повод Денот на ослободувањето на Куманово. Комисијата за доделување на награди и признанија и одбележување на празници и манифестации  при Советот на Општина Куманово имаше задача да ги избере добитниците на највисокото општинско признание од 17-те вкупно поднесени предлози за поединци и правни лица.

Радио Бум и Здружението на граѓани „Кумановски акцијаши “ се правните лица кои што официјално ќе бидат прогласени за добитници на Ноемвриска награда  на свечената седница што ќе се одржи на 11 Ноември.

Меѓу наградените се и шестмина поединци.  Мирослав Крстевски, претседател КУД „Панче Пешев“,Рамо Рашидовски од областа на културата, Неџат Акифи, новинар,  Филип Колевски, тренер во атлетика, Верица Петровска, поетеса и Ваит Саити, директор на кумановската подружница на ЈП Македонски шуми.

Инаку,  еден од условите да се добие Ноемврсика награда е кандидатите да бидат познати на пошироката јавност , а и дејноста која што ја извршуваат да биде повеќегодишна.

Правилникот не пропишува и нема ограничување колку награди треба да  бидат доделени. Најмногу досега биле доделени 17 ноемвриски награди за една година, а најмалку една, имаше и година кога ова општинско признание воопшто и не беше доделено.

Коментари

коментар(и)