Матичните лекари утре на протест

Матичните лекари во земјава  утре нема да работат со пациенти за користење на Мој термин, туку само со итни случаи. Ова е протест на докторите од малите средини и амбулантите со мал број пациенти, кои се судруваат со можноста за затворање, оти со постојната капитација не можат да опстанат, објави СДК.

„Овој протест е поради низа причини со кои се судруваме во работата, како малата капитација од 65 денари која е донесена од 2018. Со овие средства треба да се плати медицинска сестра со минимална плата од 18.000 денари, да се плати зголемена сметка за струја. Има колеги во малите места каде бројот на пациенти се намалува и тие се судруваат со можноста од затворање на амбулантите. Здружението е на сите приватни лекари и затоа го правиме овој протест“, кажа д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на матични лекари (ЗПЛМ).

Таа вели дека незадоволството кај матичните доктори се натрупало изминатиот период, имало различни мислења како да се искаже и се решиле со протест. За утре попладне е акажана средба од заменикот-министерот за здравство.

Поради лошата состојба во приватното здравство, бројот на доктори од 1.800 се намалил на 1.436.

Коментари

коментар(и)