17 февруари – Ден на македонското новинарство

На денешен ден пред 76 години во салата на Градскиот народен одбор во Скопје е основано првото здружение на новинарите во историјата на Македонија. За прв претседател едногласно бил избран Мито Хаџивасилев – Јасмин, одговорен уредник на „Нова Македонија”.

Визијата на ЗНМ, оттогаш, па до денес е: „Новинарите да работат во медиуми каде се обезбедени основните права и слободи, гарантирани професионалните и материјалните услови за работа, постои висока солидарност меѓу нив во случаи на прекршување на слободата на изразување и се потврдени професионалните стандарди, етика и интегритетот на новинарската професија“.

Коментари

коментар(и)