Матурантите денеска полагаа математика

Во средните училишта денеска средношколците го полагаа третиот предмет од државната матура, математика. Матурантите кои што уште во декември се одлучиле за овој предмет а не за некој од странските јазици, имаа доволно време за да се подготват за испитот. Од училиштата истакнаа дека бројот на кандидатите кои што се пријавиле е задоволителен, иако повеќето од учениците одлучиле да полагаат странски јазик. Директорите се надеваат дека учениците ќе ги оправдаат очекувањата на професорите и ќе ги постигнат резултатите кои што се забележани во текот на годината.

-За математика се пријавија 22 ученици настава на македонски јазик и двајца со настава на албански јазик. Нашите ученици денеска полагаат во општинското средно училиште Перо Наков двајца од албанска настава полагаат во Сами Фрашери така е распоредот од ДИЦ направен со тоа ние денеска немаме ученици тука што полагаат. Во однос на минатата година имаме зголемен број на ученици што полагаат математика тоа за нас на некој начин е добро затоа што уечниците увидуваат дека нивната перспектива е на технички факулетети а математика е приоритетне предмет на техниката што значи одиме во нагорна линија-посочи Лидија Михајловска, директор ДСТУ „Наце Буѓони“.

-Денеска се полага математика како дел од државната матура екстерно тестирање полагаат вкупно 45 ученици, помалку во однос на англискиот јазик тоа се ученици кои што следат настава на македонски наставен јазик додека на албански јазик нема ученик кој ќе полага математика денеска да споменам дека денеска се тука и ученици од средното техничко училиште Наце Буѓони кои во нашите простории исто така ќе полагаат математика-истакна  Лидија Тасевска, директор СОУ „Перо Наков“.

Во средното училиште Киро Бурназ денеска не се полага државна матура бидејќи десетте ученици кои што се пријавени за овој испит се одлучиле за странски јазик. Наредното полагање таму како и во останатите училишта ќе се одржи на 14-ти јуни кога учениците ќе го покажат своето знање по физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика.

 

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)