На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на вчерашниот ден биле регистрирани четири случаи на нарушување на предизборниот молк, соопштија надлежните.
Според Министерството за внатрешни работи, на територијата на целата држава имало 20 пријави.
– За време на предизборниот молк, во текот на 18.10.2025 до 07:00 часот на 19.10.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои шест на подрачје на СВР Скопје, четири на подрачје на СВР Куманово, потоа СВР Велес – три, по два настани на подрачје на СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола и еден на подрачје на СВР Струмица. По преземени мерки не се потврдени пријавите за 15 настани. Регистрирани се и 47 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк. Се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови, додаваат од полицијата, соопшти МВР.
