МВР: Казнети 224 возачи за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 224 возачи.

Од нив 10 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 77 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 147 надвор од населено место.

Коментари

коментар(и)