ВИДЕО: Ученици и полицијата во проект „Спорт да, дрога не“

Отсекот за превенција, при Секторот за внатрешни работи Куманово во рамки на проектот „Спорт да, дрога не“ организираше турир во мал фудбал кој се одржа во спортската сала на основното училиште „Фаик Коница“ во село Слупчане. На турнирот учествуваа ученици од сите основни училишта од општина Липково, а најдобрите добија пехари. Од Отсекот за превенција при СВР Куманово истакнаа дека се во постојана комуникација со општина Липково, локалниот совет за превенција, училиштата и сите други надлежни институции, за превенција односно едукација и подучување на младите за безбедност и заштита во сите области.

-Најистакнато е делот на превенција за употреба на дрога, каде што денеска се реализира уште еден успешен настан „Спорт да, дрога не“, учествуваа машки и женски екипи од сите основни училишта од подрачјето на општина Липково. Симболично доделени се пехари за освоени места и маици, како дресови на секое училиште во знак на потсетување на ова зло кое што ги засега и младите и повозрасните и јакнење на свеста кај сите за преземање мерки за превенција и заштита на младите. Во рамки на ова паралелно се преземаат и активности од проектот „Правна социјализација на млади“, каде што покрај злоупотреба на дрога опфатени се и други проблеми и теми кои што ги засегаат младите, носење на недозволени предмети во училишта, врсничко насилство, злоупотреба на социјалните медиуми-истакна Виолета Богдановска, началничка Отсек за превенција при СВР Куманово.

Отсекот за превенција паралелно покрај  на подрачјето на општина Куманово презема превентивни мерки за сите останати општини кои што ги покрива.

Присутните ученици на настанот ги поздрави и градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, кој им додели благодарници на сите учесници.

Коментари

коментар(и)