МВР: Санкционирани се над двеста возачи во земјава

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 212 возачи. Од нив 10 возилa се движелe со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 120 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 92 надвор од населено место, соопшти МВР.

 

Коментари

коментар(и)