„Светозар Марковиќ“ го одбележа празникот и училишната слава Свети Сава

Во ООУ „Светозар Марковиќ“ од Старо Нагоричане денеска со пригодна приредба се одбележа празникот и училишна слава Свети Сава. Со кршење на славскиот колач, Светосавската химна, драматизаци, песни и фолклор се славеше животот и делото на српскиот учител и просветител Свети Сава кој е познат по својата мудрост во народот.

„Светозар Марковиќ“ е единствено училиште во Македонија во кое над 70 ученици посетуваат целодневна настава на српски јазик.

Минатата година Амбасадата на РС во Македонија заедно со српската Влада донираше лектири на српски јазик за учениците од прво до деветто одделение во ова училиште. Претходно, училиштето го посети и српскиот министерот за надворешни работи на Р.Србија, Никола Селаковиќ, кој во таа прилика вети дека државата во наредниот период ќе помага и ќе ја унапредува работата на училиштето во општина Старо Нагоричане.

Првото училиште „Светозар Марковиќ“ било изградено далечната 1924 година. Но, во училишната 1964/1965 година училиштето добило нова зграда во која наставата се изведува и денес, а тогаш биле запишани 307 ученици.

Последниве години бројката на запишаните ученици постепено опаѓа, како и во останатите училишта во земјава и се движи околу 100.

Училиштето има и две подрачни училишта кои се наоѓаат во селата Алгуња и Никуљане.

Коментари

коментар(и)