Меланија Станковиќ од „Толи Зордумис“ освои прво место во дисциплината фрлање ѓуле на општински натпревар

Меланија Станковиќ, ученичка во основното училиште „Толи Зордумис“ под менторство на професорот по физичко и здравствено образование Иван Крстевски освои прво место во дисциплината фрлање на ѓуле на општинскиот натпревар во атлетика што се одржа вчера на атлетската патека кај ОСТУ „Наце Буѓони“.

Со резултатот од 10,15 м. Станковиќ обезбеди пласман на државно првенство.