Меморандум за соработка за учество во програмата ReLOaD2

Општина Куманово активно работи со локалните граѓански организации и фондации. Проектот ReLOaD2 во следните 4 години има за цел да ја зајакне партиципативната демократија и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, преку зајакнување на граѓанското општество и младите. Целта е активно учество во донесувањето одлуки и подобрување на правното и финансиско опкружување за граѓанските организации. Изминатите години преку програмата се организираа три повици за грантови за предлог проекти, кои се доследни на развојните цели на општина Куманово и со кои беа опфатени следните приоритетни области:заштита на животната средина, социјална кохезија и намалување на сиромаштија, туризам и култура, како и младински иницијативи. Преку оваа програма се доделија 9 грантови на локални граѓански организации. Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го спроведува проектот во: Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија. Проектот е финансиран од Европската унија, од Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Коментари

коментар(и)